1. ШТО Е БОГ
06.11.2016
За
повеќемина од човековата популација, претставата за Бог и што е Бог не е јасна.
Луѓето не знаат што е Бог. Една од причините за тоа е и лошата информираност од
христијанските отци, затоа што и самото христијанство нема исправен став за
прашањето што е Бог. Според христијанството, Бог е нешто апстрактно, нестварно,
недопирливо, семоќно, кој дарува и казнува. „Бог го создал небото - универзумот и планетата Македониа“. Христијанската организација Бог го претставува, како магепсник во институцијата циркус. Христијанската организација, со плански и добро спроведени активности врши уништување на македонската вера Преродба - Реинкарнација, која била раширена од Единствениот Зет Македон - Дионис на пет континрнти. „Бог ја измислил реалноста“, создавајќи сѐ што можеме да видиме и да претпоставиме, Бог е семоќен,
неуништлив, вечен. Со еден збор „Бог е СЀ и секаде“, од тука се наметнува стравот
од Бог, дека луѓето се никој и ништо, тие се само овци на Богот Татко -
овчарот. Воедно Бог праќа спасител на Планетава, да го спаси човековиот род од нешто, што никој не знае од што. Да
го спаси од непостоечкиот грев. Целата оваа особеност, прокламирана од
христијанството, и од другите на неа слични религии, служи само за уништување на македонската вера, и одржување на
луѓето под контрола и потчинетост преку нешто што не постои. Христијанството
воедно нуди и апстрактно решение за тоа што е всушност Бог, со зборовите: „Кога
ќе дојде божјото откровение“. Со други зборови сѐ погоре кажаното претставува
страв од Бог, и тој страв е темел на нашето постоење и спасение, од нешто,
повторно, што не знаеме од што. Христијанството вели дека Бог се открил како
личност, како син божји наречен „Исус“.
Од каде се црпат сознанијата за Богот на христијанството? Одговорот на
христијанските отци е дека нашиот ум, вклучувајки ги и самите отци во таа група
на луѓе, кои се неспособни тоа да го откријат, затоа што сме „отпаднати од Бог“
- отпад, (најверојатно сака да се каже, произлезени од самиот Бог), а воедно и
нашите органи за спознанието (гносеолошки), се осквернети или ретардирани,
„затоа е многу тешко да создадеме вистинска претстава за Бог, која е
субјективна, и таа нѐ води кон идолопоклонство, а не онаа вистинската, која го
добиваме од самото откровение“.[1]
Како Бог се открива? Христијанството
вели дека Бог се открива преку сѐ она што тој го создал, кое непосредно го
гледаме. Бог го спознаваме и преку одбрани поединци, наречени пророци, како на
пример: Адам и Ева, Сит, Кај, Енох, Ное, Сим, Аврам, Исак, Јаков, Мојсеј, и др.
преносители на гласот божји. Божјите објави ги внесуваат, запишуваат во светите
книги.
........................................................Македон Бог Сонце ИЛИ, ИЛ, ИЛИЈА.
Според дешифрираните текстови објавени во книгата „Зета Македониа“, доаѓаме до некои спротивставени гледишта за претставата што е Бог, и
како тој ни се открива. Бидејќи македонската монотеистичка вера е со старост од
најмалку 412.416 - 500.000 години , од тука произлегува заклучокот дека христијанството
како политеистичко убедување, па и сите други религии и митологии во светот,
произлегуваат од македонската вера, со што, нешто и се совпаѓа во
констатациите.
Веднаш да објасниме зошто книгата „Зета Македониа“ дава одговор за прашањето што е Бог.
Според сознанијата напишани во книгата „Зета Македониа“, дешифрирани од
споменици на културата оставени од македонскиот народ на пет континенти, Бог е
всушнот: Нешто реално - стварно, светло, мило, допирливо, топло, добра мисла,
мелодија, моќно, но не е
најмоќно, тој ја дарува божјата семенка за нов живот, таа семенка е Божјата СВЕТЛИНА,
тоа значи тој не е создавач на нешто од ништо, тој е само оплодувач, а Мајката
е таа најмоќната која создава и дарува нов живот. Во македонската монотеистичка
вера, единствен Бог е Богот Сонце ИЛИ, ИЛ, ИЛИЈА, во христијанството наречен
Свети Илија, кое сите божји карактеристики ги персонифицира со СВЕТЦИ. Оттука
произлегува многубожјиот карактер на христијанството.
Македонскиот Бог Илија не казнува, тој
секогаш благословува со топлина, искра, светлост,
пирвеј, ситна роса, музика и те штити од соѕвездието Аждер - студот преку
соѕвездието Крст или почеток на новата година во род. Мајката Планета Македонка-Македониа е таа, која божјите деца ги раѓа, негува,
храни, штити, и ги казнува со глад.
Македонскиот Бог е
роден од Мајката Елна светлото и темното, која ќе ја роди целата вселена. Бог
постои поради неговиот син Илион или по мајка наречен Македон. Ако божјите
синови Македонците не постојат и Бог нема да постои. Бог постои поради
потребите на својот син Илион-Македон.
Синот божји Илион-Македон, со
предземениот оплодувачки ген божји, по неговото полнолетство, кога ќе стане
семен, наречен Зет, заедно со неговата невеста, рамноправно учествуват во
создавањето на рајот Македонија на Планетата Македониа[1] и вселената. Денот на оплодувачката моќ
на Зетот е XXII-ри март, кога на врвовите на планините, најблиску до Бог, во
директен контакт со сонцето и првиот сончев зрак, по најкуса ПРАВА линија го
прима словото божјо - умот, со вкупното знаење. Тоа знаење е јазикот, писмото и
науката, што претставува СЛОВО божјо. Од тој ден Македон ќе биде словесно-велен
или славен, ќе го слави својот Бог Илија, духот божји Македон и пролетта Дон.
Најголемата лага на христијанството за
вистинското откривање на Бог, се случила тогаш кога Бог ќе го испрати својот
син Исус меѓу луѓето, во кој се наоѓа светиот дух, роден од дева Марија-Македониа, како човек. Во книгата „Зета Македониа“
ќе видиме дека Исус не е роден од мајката пред 2016 г. туку е роден најмалку
пред 412.416 - 500.000 години.
Според македонските записи, Р'С – Р'СТО, РИСТ е младото новородено сонце од
денот XXV-ти декември. Р'С е со значење времетраење на растечкиот ден, персонифицирано со бебе, новороденче. Тоа младо бебе е спасител затоа што, денот и дневната температура се наголемуваат, се до XXII-ри март, кога бебето Ристо ќе стане полнолетен, и ќе ја оплоди Планетата Македониа. Од тој момент се раѓа вкупната природа, во која се наоѓа и синот божји Македон наречен ИС - ИСУС. со значење ГОСПОДИН, ГОСПОДАР, ГОСПОД на Планетава Македониа.
...................................Источно-азиски симбол за оган подарен од македонскиот народ.
Значајноста на ова верување е огромна за
разбирање на целиот верски концепт на македонската цивилизација. Македонецот
развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост,
топлина, душа и писмо. За Македонците, сонцето е единствено божество, а целата
материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон.
Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни),
за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен
карактер, т.е. самото Сонце е Бог, двигател, прапочеток и праизвор на животот,
извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на Планетата Македониа.
Сонцето
како најважна и најзначајна појава, во македонската вера се именува како Сонце Бог
ИЛИ, ИЛЕ, ИЉО, Зет РИСТО, Тешт, ИС; ИСУС, а неговите зраци се именуваат со носителот на духот
божји Македон – „З“ зрак, „Ѕ“ поглед – молња и сончев зрак наречен ИЛ. (Цитат
од книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост”, стр.24).
Продолжува втор дел: „ШТО Е СВЕТИОТ ДУХ“.
(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)
[1] Отец Ивица Тодоров, видео запис "Училиште за Животот" - 1