„Солзана“ Големата Мајка, мегалит од околината на Прилеп – Македониа, 400.000 години македонска ера.

Вторник, 15.12.2015

Монументалната скулптура на Големата Мајка со три лица висока 67 м. се наоѓа на Се­лечка Планина во Република Македонија, во насока на исток од градот Прилеп, на три километри источно од селото Селце. Скулптурата произлезена од Божјиот природен тек за создавањето на Македониа - рајот, дооформена со раката на обожествениот Македон, рамноправен на својот татко, доми­нира во просторот каде е поставена. Господарите - Владетели Македонци со високи уметнички квалитети, со скриени пораки во стилот на божјиот Хермес, ни ја презентираат македонската монотеистичка вера на Големата Мајка, Бог Сонце и вселената.   
  
........................
                                                                                                               Солзана     

Скулптурата во книгата „Зета Македониа" е насловена како „СОЛЗАНА“, мислејќи на Божја „солза“ што претставува Божји сончев зрак. Бог Сонце со неговиот диск како божјо око се гледа. Божјата солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Земјата во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата „Солзана“ (Ана, Јана).  

Скулптурата во себе крие три пораки - три лица. Првото лице (сл. 47) е лице со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето. Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовила Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: „Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семенка, утринската роса, осветлена со сон­чевите зраци, Господ е во мене“. Третото лице (сл. 51) е израз на божјата МА како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена - облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македониа. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македониа.


..........................
                                                                                           Зета Мадонија,Павлов, (денешна Чешка)
                                                                  29.000 – 25.000 г. македонска ера пред појавата на христијанството.
                                                                                                        Реконструкција М. Герасимов

Мегалитот Солзана е инспирација за создавање стихови, за кои е напишана музика од композиторот Сашо Ливрински – Лаврод.

............................

Бог Сонце се гледа се слуша. Бог Сонце е ОКО, од Божјото око излегува или паѓа Божјата СОЛЗА. Божјата солза е самовила, сончав зрак, утринска роса. Божјата солза е светлост, УМ, словарница и слово божјо. Од Божјата солза се раѓа Македониа - рајот. Од Божјата солза се раѓа „Божја Солзана на Зета Македонија“.
За Македонија рајот пее Сузана Спасовска. 






Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски.
Доколку сакате да ја купите, може да ја нарачате на контакт телефон: 078 264 106

Прегледано:  6,661.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................