СЕ СЛУЧУВА ПРЕСВРТ, ВЕЧНИОТ „СОН“

26.03.2020 г.

СЕ СЛУЧУВА ПРЕСВРТ, ВЕЧНИОТ „СОН“


Појавата на Корона вирусот најава е на новиот светски поредок. Република Македонија ја чека светла иднина. Светот ќе се врати кон потиснуваните македонски вредности. Пресвртот започнува со македонскиот Танец - Танго, со Вера во Преродба, Реинкарнација. Вера за враќање на светот кон вистинскиот Бог Сонце Илија, Планета Македониа и синовите Илион и Македон (бог Р'с - Ристо и обожествениот Господ Ис - Исус).  Ова е моментот за обединување на Македонците, разпрскани низ светот, со матичната земја Македонија. Во Република Македонија Македонците тивко, без зборување, со молчење создаваат единство околу една целина, во мигот на гласање, за престојните избори. Со желба, да победи едно, по големо патриотско раковотство, кое нема да биде уценувано од никого, и ќе изврши враќање на нормалните македонски вредности.  

 

„Сон“

Концерт на македонски „Танец – Танго мелодии“ одржан во „Музеојот на македонската борба за самостојност“ на 04.11.2019 г. беше проследен со преполна сала, од голем број на љубители на „Танго мелодии“ со оперски манир. На концертот, меѓу другите, беа уредно поканети сите танго играчи, кој не се во мал број во Скопје, Република Македонија. За жал на концертот присуствуваа неколкумина искрени пријатели, на танецот – танго. Ова се должи на лошата информираност на врвните танчери, за трендот во светот на „Танго мелодии“, во оперски манир. Танчерите не можат ни да претпостават, дека центарот на појавата на песната е Македониа, со познатиот македонски пејач Орфеј – Горпеј, и центар на појавата на инструменталистите и танцот со Силен и Сатир. Историјата се повторува.


.................................................

                                                    Александра Коцевска - мецо сопран, професорка по соло пеење.


Оперската певица Александра Коцевска – мецо сопран стои мирно и гордо пред музичкиот квартет. Погледот и е вперен во далечното минато. Преку погледот сака да го прима божјиот шепот. Молк. Координаторот, пијанистот Билјана Петровска прави мал удар. Љупчо Колевски со армониката ја наговестува „танго мелодијата“ на композиторот Сашо Ливрински - Лаврод, веднаш се придружува пијаното и контрабасот раководен од Зоран Павловски. По кратко се приклучува виолината на Милена Тодороска - Мургоски. Виолината со својте четири нишки (жици), како четири сончеви зраци, во четирите годишни периоди, со својте лирски чувства, го отвара патот на погледот кон сонцето на оперската певица. Виртуозниот глас на Коцевска силен, божји, продорен, исто, како љубовта која се раѓа при танцување. Коцевска потполно внесена во мелодијата, со посебна техника, ги пренесува на слушателите лирските пораки на поетот Бранко Сотировски, пристигнати од богот Сонце. Нејзиниот глас како молња, текстот го испраќа во срцата на слушателите и танчерите, побудувајки внатрешни емоции.
Песната „Сон“ ја отсликува чистата природа на Богородица. Професорката по соло пеење со својот глас е ангелот Гаврил (тој што гаварил), кој ја соопштува божјата порака за блажената состојба на Богородица – Планета Македониа од 22-ри март, вечниот сон на Македонците.

 

 

................................. 

Прегледано:  415.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................