6. МЕСИЈАТА - МАКЕДОНСКА ВЕРА ВИСТИНСКО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

17.12.2016    

 

                                      6. МЕСИЈАТА - ЕДИНСТВЕНИОТ ИЛИОН, МАКЕДОН, ЗЕТ,
                                                  ХЕРМЕС, ИС-ИСУС, ДОН, ДИОН, ДИОНИС

 

Македонскиот род Лаврод, распространет е од Зета Македониа Востанија Востанија на Исток (денешна Кина), па сѐ до Зета Македониа Европа на крајниот Запад (денешна Шкотска). Македонскиот род Лаврод e организиран во држави, налик на денешните, со своето писмо, јазик, наука и вера. Ова владеење, според книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост, господарување на родот Лаврод трае непрекинатo во продолжеток до денес, во временски период од 16 космички години (или 16 X 25.776 г. = 412.416 г.). Според најновите истражувања, македонската цивилизација постои најмалку 19 космички години ( 19 X 25.776 г. = 489.744 г.) Ова е културниот пат на Македонците од родот Лаврод, кога доаѓа до кулминација во времето на таканаречена „античка Македониа“, во периодот на владеење на Филип и Александар Македонски.
Стотина години пред раѓањето на Александар Македонски, се појавуваат во Зета Македониа Европа и Зета Македониа Востаниа ИЗРОДНИЦИ или одродници. Тие го напуштаат македонскиот род, формираат посебни племенски групи со измислени имиња. Тогаш започнува хаосот на овие два континенти.
Александар Македонски ги покорува градовите-држави на југот од Македонскиот Полуостров, населени со Македонци, наречени „Хелени“, а всушност, тие се ВЕЛЕНИ - фалени или Словени и доселеници, како безимени луѓе од семитско арапско потекло.
За Зета Македониа Европа и македонската држава, најголемата закана по безбедноста во тоа време доаѓа од Зета Македониа Меѓупоточна (наречена Месопотамија и Персија). Овие македонски изроди од Блискиот Исток го менуваат јазикот и верата. Формираат посебни племенски групи со цел за уништување на Македонија и Зета Македониа Европа и македонската вера на Вистината во Богот Сонце ИЛИ-ИЛ и верата на реинкарнација. Александар Македонски ќе тргне во поход по патот на Дионис. (Дионис е првиот глобализатор на светот, кој ја раширил македонската култура на пет континенти.)

 

...................................................
                                                            Месија –Александар Македонски, 
                             единствениот Илион, Македон, Зет, Хермес, ИС-ИСУС, Дон, Дион, Дионис.
                   (356 г.мак.ера.п.преим.н.мак.вера.во.христ.религија - 11. 6. 323  г.м.е.п.п.н.м.в.в.х.р.)

 

 

По смртта на Александар Македонски по 33 г., или по повлекувањето во Зета Македониа Ар на МА (денешен Египет) под друго име, ќе настапат граѓанските војни во Македонија, кои траат се до освојувањето на Македониа од страна на градот-држава Рим. Уништувањето на Македонија започна уште во 168 година пред појавата на христијанството, со поразот на Персеј од Луциус Емилиус Паулус. Тогаш, целиот кралски двор заедно со Персеј и цело богатство на македонското царство биле однесени во Рим.
Сега заканата по безбедноста на македонскиот народ доаѓа од самите Македонци од Западот (Зета Македониа Европа), здружени со безимени луѓе од семитско-арапско потекло, од југот на Македонскиот полуостров и Блискиот Исток. 
Ова е кус вовед за состојбата на општествено-политичката подготвеност, македонските изроди да го смислат последниот удар над македонскиот народ, традиција и култура, кои живеат на двата континенти. Тоа е промената на македонската вера на Вистината, на Сонцето, пролетта и убавината да ја претворат во религија, која со нејзината симболика и сокриено значење работи на уништување на сопственото име како Македонци, прекрстувајќи се во друго име, сечејќи го коренот за нивно постоење.
З.М.Европа се дели на помали племенски групи со измислени имиња на територии, Македонците-патриоти ги убиваат, со двата најсвети македонски симболи: КРСТОТ и КЛАДАТА. (За крстот прочитај повеќе на страна 42) во книгата „Зета Македониа“.
Македонскиот народ, поробен од сопствените Македонци – Римјаните заедно со Ромеите-Егупците, ќе биде поделен во четири покраини, ограбен, со делумно забранети обичаи, како верски обреди во чест на единствената Мајка Планета Македониа и единствениот Бог Сонце, (сега е сметана за паганизам и многубожие), со ограбени натписи, а останатите уништени, со прекинат културен развој, издробени во прав божји храмови и споменици. Cо еден збор, САМОСОЗДАДЕНОТО божество (Римјаните, кои сами себе си се прогласуваат за богови) сметалo дека е убиен духот божји Македон во секој Македонец.

„Паганство е гноса, самоспознание, паганските обичаи се гностички ритуали. Преку нив оној кој осознал стекнува сила и самодоверба и може да се спротивстави на злото.
Денешното ново толкување на паганството создава сомневање во сето она што е проследено во официјалните книги. Бидејќи не смеела да се експонира древната македонска вера и знаење, морало сите важни содржини на тоа знаење да се опфатат под еден поим, измислен како паганство. Во Македонија има смели и издржани докази за тоа што е тоа паганство. Така, со дешифрирањето на писмото на каменот од Розета наоѓаме интересно објаснување за тоа кои биле паганите: ‘ГОРНИ ТВОРЦИ’ Аристотел Тентов, Македонците.
Во фалсификуваната древно-македонска историја, Македонците ги прозивале како варвари, така и возвишеното значење на Пагооните како Горни Творци брутално се трансформирало во пагани“.[1]

 

Македонската вера на ВИСТИНАТА е истата оваа христијанска религија, но со мали измени и забрани, (како канони), покрај другото и забрана за спомнување на македонското име, иако во Библијата македонското име е спомнато 27 пати. Македонската вера е вера во Мајката Планета Македонка и Таткото Сонце ИЛИ. Тоа е вера на реинкарнација или воскреснување, тоа е вера во пролетта, поезијата, песната, љубовта, цвеќињата и убавината, зачеток на живиот свет „ИС“. Вера во науката, уметноста и словото божјо. Вера на македонската цивилизација како историја на светот. Тоа е вера на македонската култура во продолжеток до денес.


Македонецот како син божји Илион и син на Мајката Македониа - Македон, умен, вреден, со божја промисла или СЛОВО божјо, горд на својот род Лаврод, горд на својот божји ген, тој е ГОСПОДИН, ГОСПОДАР, ГОСПОД И ГОСТИН на Планетата Македониа. Длабоко во душата го задржал сопствениот дух божји Македон, длабоко во душата му е задржано името Македониа. Македонецот лесно се прилагодува на новата општествена состојба.

Роден од единствените родители, од Мајката Планета Македониа и Таткото Сонце ИЛИJA, ќе ги спроведе благородните македонски молитви и практики, со што го обезбедува континуитетот на сопствената вера. Исконските молитви на македонскиот народ од камениот период напишани во вид на лигатури, дешифрирани од споменици на културата, систематизирани по континенти, се наоѓаат во книгата „Зета Македониа“, вкупно 255 молитви, од кои некои се испеани во македонска црковна мелодија ( по грешка наречена „византиска“), а некои во македонски, современ и традиционален ритам и инструменти.

Овие благородни молитви се камен-темелник на христијанството. Тоа се молитви за почитување на луѓето меѓусебе, за почитување на Мајката Планета Македониа, во христијанството наречена Марија, и таткото Сонце ИЛИЈА, почитување на фамилијарната љубов во светото тројство помеѓу Мајката, Таткото и синот Македон. Почитување и љубов кон пролетта, цвеќињата, и убавината.
Македон извршил големо влијание на новата религија. Го воведува својот Бог ИЛИ како Св. Илија и Мајката Македониа како Богородица Марија. Мајката Македониа со кањонот Матка претставува порта на Зета Македониа Европа за влез во пролетта, порта за влез на новородената природа „ИС“ од „УС“ или „ИСУС“ – усните на Планетата Македониа, кањонот Матка.
Христијанството претставува македонска култура, пропагирана на поинаков начин и име.

 

 

...........  
                Лав со натпис, пештера Vogelherd, Зета Мадониа (денес таканаречена Германија) 
40.000 г.мак.ера.п.преим.н.мак.вера.в.христ.рел. стр.183, извадок од книгата „Зета Македониа“.
                 Лавот симбол на Бог Сонце ИЛИ, симбол на народот Македон од родот на Лаврод. 
      Натписот укажува на фактот дека Македонците, од денес таканаречена територија Германија,
                    ја молат Македонија за, „Тештот“- Бог Сонце, да востане од Македонија, 
 да може Зета Македониа Европа да влезе во пролетта.Оваа молитва е испеена во песната „Лаврод“.

 

 

Еден од првите мисионери е Македонецот Св. Павле. Тој од 51 до 54 г. македонска ера ќе ја обиколи Македониа, ќе ги обиколи сите македонски покраини околу Белото море. Тој ја толкува македонската ВИСТИНСКА вера поинаку, под името христијанство.
Св. Павле неслучајно по налог на Римјаните и Евреите, тргнал од Македониа. Македониа било јадрото на З. М. Европа. Сега Св. Павле преку Македониа, како порта го воведува христијанството во З. М. Европа. Тој работи како мисионер до 61 година македонска ера. Св. Павле по ислужената мисија, кога во својата мисионерска работа ќе почне да ги застапува и македонските интереси, нема да им биде потребен на Евреите и Римјаните, ќе биде погубен во Рим.

Иако самопрогласеното божество (Римјаните), како што е погоре кажано, создале свој вештачки божји народ - Јудејци кои ќе му служат, тој повторно, за остварување на целта, за уништување на македонскиот дух, ќе ја изврти приказната, за пристигнување на божјиот син. Божјиот син го зема од редовите на вистинскиот божји народ - Македонците, како жртва. Тоа значи, Македонците како синови божји од кој еден од нив ќе биде месија, кој се жртвува за спасот на својот македонски народ, (според Римјаните за спас од самите себе) за да се откажат од името, верата и духот божји Македон.
Според Македонците, месијата се жртвува за пролетта и новородената природа, која ќе служи за исхрана. Како што е познато, Македонците не се плашеле од смртта. Тие оделе во смрт со радост, верувајќи дека утредента во мугри ќе пристигнат реинкарнирани, како умножен дух божји Македон, во вид на ситна роса, како составен дел во секоја материја.

 


РАЃАЊЕТО НА ИСУС


Целиот „Стар завет“ е напишан за припрема и очекување на месијата.
Цитат по Матеј: „Марија ќе го роди Исус, а тој ќе го спаси народот од нивните гревови“.
Марија е, всушност, Македониа Богородица, спасителка, хранителка и господарка, Марија е македонскиот дом.

Именката ИС-ИСУС во книгата „Зета Македониа“, низ дешифрираните текстови се среќава 24 пати, низ целата земјина топка, пред појавата на христијанството и тоа најмалку од прeд 130.000 г. Според најновите истражувања, името Мадониа-Македониа е со старост од 500.000 г.

 

...................            
                     Мајка Македонија –Богородица              Мајка Македониа - Богородица со Исус.
                      Маџари, Скопје Р. Македонија                  Село Конче, Радовиш Р. Македонија.                                                   

                          7.000  г.м.е.п.п.н.м.в.в.х.р.                         Манастир Св. Богородица 1371 г.     

 

                      

ИС“ е вкупната новородена природа во пролетта, во која се наоѓа и синот божји Македон. „ИС“ е новороденче, бебе, новороденото сонце, новородената година од денот XXII – XXV-ти декември. Меѓу народот наречен СОНЦЕ-СТОЕЊЕ, прекршување на денот (тоа е најдолгата ноќ и најкусиот ден.). Планетата МАКЕДОНИА со нејзината оска ќе направи наклон кон соѕвездието Крст, кога ноќта се намалува, а денот се зголемува. Се раѓа бебето „ИС“-„ИСУС“, младото сонце и започнува новата година во род.
Оваа мудрост на Планета Македониа после три дена двоумење, во христијанството се симболизира со три мудреци или три дена, кои доаѓаат заедно со ѕвездата, Сонцето од исток. Трите мудреци се движат од исток сѐ до моментот кога Сонцето ќе застане да го покаже местото на новороденчето Исус.
Со оглед на фактот дека местото на престојување на Богот Сонце е во Македонија, со престолот во рудникот Алшар [1], Исус како син божји се раѓа во рајот на Планетата во Македониа на обалата на Охридското езеро, во пештерата до село Канео, или кањонот Матка.

Новородениот „ИС“ од „УС“-„ИСУС“ (пештерата Канео или усните на Мајката Планета, кањонот Матка) е новороденчето „ИС“, кој е идниот Зет, цар, Господар, Господ, и гостин во Македонија и целата планета.
Ова македонско верување, македонските изроди - Јудејците со нивниот владетел Иродот (Ирид-изрид) го бришат, на тој начин што ќе ги погубат сите новородени деца на тој ден. Со овој чин, се укажува на македонскиот народ дека нивното новородено сонце треба да згасне, како што гасне македонскиот род Лаврод.

Јаремот на ропството на македонскиот народ, доведува до тоа да поробувачите Римјани, како македонски изроди, секоја година на ден XXV-ти декември, кога се раѓа новото сонце, од секое семејство погубува првородено дете старо до две година (ова го претскажува пророкот Јеремија-Јерем, Јарем).

Според пророкот „Јерем“ или според ЈАРЕМОТ Римјанинот Архелај, Ар-хе-лај, со значење - кучиња што лаат и се смеат правејќи пустош по Планетата Македониа, македонскиот рај, Охридско езеро или кањонот Матка.
Јосип (Јос-сип- родената летнина), со Марија и синот Исус ќе заминат преку Ресен и Битола во Назарет, Пазарет или од кањонот Матка до Битпазар во денешно Скопје. Тоа е територијата (Из-раил-от = рајот) на Македониа рајот, таа е територијата Гали-лејска (со значење Бог Сонце те гали-милува, лее со изобилство сончеви зраци).

 

.......................................................
                                                                           Клеопатра VII

 

 

Последната македонска држава е Зета Македониа АР на МА (Египет) со последната кралица Клеопатра (69 маке. ера пред п. на христ. - 12 август, 30 г. маке. ера пред по. на хрис). Со смртта на последната македонска кралица Клеопатра VII-ма. Римјаните заедно со Јудејците, кога ќе се создадат условите, ќе прогласат дека Исус е роден триесет години по нејзината смрт, а Исус на триесет годишна возраст ќе влезе во еден од Јудејските храмови и ќе почне да ја презентира македонската вера, како словото божјо. Поради ова однесување на „ИСУС“, Јудејците ќе го оптужат кај Римјаните. После три години „Исус“ ќе биде погубен на крст. Исус ќе умре на 33 г. исто како и Александар Македонски.
Со овој чин, по мислењето на Римјаните и Јудејците, започнува Новиот завет, како нова религија, и како нова ЕРА на христијанството. Всушност, христијанската религија е истата таа македонска вера. Овој период на христијанството е период, кој е продолжеток на македонската вера, писмо, наука, и култура, како историја на светот, како македонска ЕРА.
По наглото ширење на христијанството како македонска религија, Јудејците како пандан на православието ќе учествуваат во пишувањето на муслиманството.

(Именката Македонија некогаш е напишана без буквата „Ј“, како МАКЕДОНИА. Тоа е поради фактот дека буквата „Ј“, во именката Македонија додадена е неодамна.)

 

 

(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

 

[1] Стр.17 „Зета Македониа“

 

[1] „Едно поинакво видување на поимот паганство“ Олга Новачева, преземено 25-12-2014 г., http://www.mn.mk/feljton/9650

Прегледано:  2,435.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................