27 ТУРЦИЈА - ОТОМАНСКА ИМПЕРИЈА

 

06.08.2024 г.

 

Инженерската способност на градителот. Патот се протега од срцето на македонската провинција Антиохија, Антакија, Турција, па сè до Алепо во Сирија, тој е доказ за инженерскиот гениј на Славомакедонскиот народ. Вакви инженерски работи се граделе во Македонија од пред 32.000 - 500.000 години, поврзувајќи го главниот град Пела, со останатите поголеми градови на Македондскиот Полуостров и преку блискиот исток, се до денешна источна Кина и на запад преку замрзнатиот север до Прекуокеанскиот Цвет (денешна Америка). Овие патишта, како и другите градби, биле уништени од забот на времето, но и систематски од вандали наречени Римјани. Огромно чудо е што фрагменти од овој пат, се зачувани до денес, сведочат за неуништливоста на македонската култура. Од Македонија и од Славомакедонците две илјади години се прави плагијат, ако не може да се присвои авторството, се уништува. За жал на историчарите од Западна Европа, фалсификуваната историја, од пред 9000 г. до ден денес некој вредности остануваат непроменети и неукрадени, тоа се производ на умот на Славомакедонците од Македонија и Светoт Македониа (нема буква „Ј“). Низ Светот Македониа (Земјата), се уште има јасни докази. Поголем проблем за фалсификаторите е црната бистра супстанца Езер (погрешно наречена Етер), вселената, каде што се испишани славомакедонското име Македонија и македонската вера во обнова - реинкарнација.

----------------------------------------------

The engineering ability of the builder. The road stretches from the heart of the Macedonian province of Antioch, Antakya, Turkey, all the way to Aleppo in Syria, it is proof of the engineering genius of the Slavo-Macedonians. Such engineering works were built in Macedonia from 32,000 - 500,000 years ago. connecting the capital Pella with the rest of the major cities in Macedonia and through the near east with today's eastern China and to the west through the frozen north to the Transoceanic Flower (today's America). These roads, like other buildings, were destroyed by the ravages of time, but also systematically by vandals called Romans. It is a huge miracle that fragments of this road, preserved to this day, testify to the indestructibility of Macedonian culture. Macedonia and Slavo-Macedonians have been plagiarizing for two thousand years, if the authorship cannot be appropriated, it is destroyed. Unfortunately for historians from Western Europe, the falsified history, from before 9000 AD. to this day remain unchanged and unstolen innovative values, a product of the mind of the Slavo-Macedonians from Macedonia and World Macedonia (there is no letter "J"). Throughout the Macedonian (earthly) world there is still clear evidence. A bigger problem for counterfeiters is the black clear substance Ezer (wrongly called Ether), the universe, where the Slavo-Macedonian name Macedonia and the Macedonian faith in renewal - reincarnation are written.

 

 

 

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

14.12.2020 г.

 

Зета Македониа денес наречена Турција.

За време на ископувањата извршени во античкиот град Тијеон во областа Чајкума во Зонгулдак, беа откриени македонски натписи.
Ископувањата се извршени, под претседателство на дирекцијата на музејот Ережли, со дозвола на министерството за култура и туризам во градот Филиос. Раководител на истражувањата е, директорот на Центарот за археологија и универзитетот во Бартин, доц. Д-р Шахин Јилдирим (Doç. Dr. Şahin Yıldırım) и тим од 30 луѓе. Ископувајки римски храм во Акрополата Филиос, стасале до слоевите поврзани со техниката на градење на темелите на храмот, кои припаѓаат од седмиот век п.н.е. Се појавиле живеалишта, кои припаѓаат на автохтоно Македонско население. Во овие слоеви пронајдена е ќерамичка плочка со натпис. Според Д-р Шахин пронајден е најстариот натпис на бреговите на Црното море. Според Јилдирим на плочката пишува: „ Eies“ или „ Eges “.

 

                          Ќерамичка плочка со македонски натпис, од седмиот век п.н.е.


Според наше гледиште и анализа на натписот, преку македонскиот јазик, писмо и вера, се смета дека е многу постар. Утврдено е дека натписот припаѓа на автохтониот Македонски народ од таа област. Читано од десно кон лево пишува: „ЕЛАГ ТШСЛ ИЛ“ <  =  „ИЛ ЛСШТ ГАЛЕ“. Транскрибирано на современ македонски јазик гласи: „СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ ИЛ, ТИЕ МИЛУВААТ“. На бреговите на Црното море од таа област, сончевите зраци преку цела година ги галат лугето или милуваат. Позната е македонската поговорка „Бог те милувал“.

 

 

 

 

...............................................................................................................................................................................

 

09.08.2018

ЗЕТА МАКЕДОНИЈА - НОВО МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО (ВИЗАНТИЈА), ДЕНЕШНА СОВРЕМЕНА ТУРЦИЈА

М
акедонското светилиште Гобекли Тепе е едно од многубројните светилишта од камениот период од славо-македонската ера од пред 11.600 г. Според напишаниот доказен материјал, со писмото ЦУТНО (кирилица и латиница), славо-македонскиот јазик, верата на вистината во единсвениот Бог сонце ИЛИ, мајката Марија, Мадона, Богородица, Македониа, синот божји Македон, односно со науката и културата, може со сигурност да се каже дека светилиштето Гобекли Тепе (Göbekli Tepe) го изградил автохтониот народ СЛОВО-МАКЕДОНСКИ на територија Зета Македониа. Оваа територија од 1299 до 1922 година или вкупно 624 години, се нарекувала Отоманска инперија, по македонсата династија на Комнините (таткото Ертогрул од селото Султан ќој, денешен Лескоец (Охридско) и синот Отоман), и денешна Турција наречена од 1922 г. 

 

Светилиштето Гобекли Тепе (Göbekli Tepe) се наоѓа шест милји од Урфа, древен град во денешна југоисточна Турција, и северна Месопотамија (славо-македонски збор Месо = Меѓу и Потамија = Меѓупоточје). Се смета дека светилиштето е изградено непосредно по завршувањето на последната ледена доба, но било напуштено под мистериозни околности пред околу 9.000 год. Структурите што го сочинуваат Гобекли Тепе се неверојатно добро сочувани, а дел од причината за извонредното зачувување се должи на климата на Зета Македонија, денешна Турција.

 

        

    Светилиштето Göbekli Tepe, 11.600 год. Територијата                  Mапа на славо-македонски локалитети во Меѓупоточје
                         на Зета Македонија,                                           (славо-македонски збор Месо = Меѓу и Потамија = Меѓупоточје).
     Ново Македонско Царство (Византија), Отоманска 

 Империја - Македонска Династија,Современа Турција

 

 

Потенцијалното светско откритие на Гобекли Тепе, всушност, најпрво се случило во 60-тите години од минатиот век, но никој не го препознал неговиот славо-македонски карактер и значење во тоа време. Всушност, било погрешно оценето како „средновековни гробишта“.


Но, во 1994 година е „повторно е откриен“ од страна на германскиот археолог Клаус Шмит, кога излегло на виделина неговото вистинско значење, како и неговите најимпресивни особини: староста; големината и квалитетот на изградбата. Според повеќето археолози, ова место било наменето да биде некаква верска структура, иако некои од нив, исто така, веруваат дека можеби тоа било место за погреб. Затоа, ова го прави Гобекли Тепе најстариот храм на светот. Според најновите дешифрирани текстови, со сигурност можеме да кажеме дека Гобекли Тепе е изградено од славо-Македонци од периодот на Зета Македонија.


Многу од камењата што ги сочинуваат храмовите на Гобекли Тепе имаат значајна научна, верска и уметничка вредност. Повеќето од централните столбови се украсени со елаборирани цртежи на животни, а некои од нив имаат и сложени животински статуи врежани директно на површината на столбот.  Археологот Ходер бил фасциниран што на резбите на столбовите доминираат цртежи на дивеч, но исто така, доминираат цртежи и на пострашни животни како: лавови; змии, пајаци и скорпии. Овие животни претставуваат персонификација на божеството ИЛИ и неговите особини. 


Во ова светилиште биле пронајдени преку 100.000 коскени фрагменти, од кои дури 60% од вкупниот број се коски од газели, но исто така и коски од друг вид на дивеч како: свињи, овци и црвени елени, различни видови на птици (вклучувајќи мршојадци, кранови, патки и гуски).

 

                                                                     (Фото Ирмгард Вагнер, авторски DAI).

 

 

Највпечатлив наод од локалитетот е мала плочка со изгравирани симболи во вид на лигатура. Од лево кон десно е симболот на Македонија, Мадона, реката ДОН, ја претставува божјата семенка, на овој симбол пишува МА. Вториот симбол лигатура го персонифицира сончевиот оплодувачки зрак и синот божји Македон со кренати раце. На овој симбол пишува К, И, и А. Третата лигатура ја симболизира птицата утка, симбол на смрта и раѓање на нов живот. На овој симбол лигатура пишува Е, Д, О, Н. Вакви исти и слични симболи се среќаваат во поширокиот регион, што докажува за распространетоста на автохтониот славо Македонски народ. 

 

На камената плочка пишува: МАКЕДОНИА. Овој камен ја претставува Зета Македониа, како извор на светската наука и култура, реката МА-ДОН-А Македониа, која го раѓа МАКЕДОН со помош на ДУХОТ БОЖЈИ.

 

Прегледано:  1,790.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................