За авторот

                                                                       

                                                                                      Бранко Сотировски

Бранко Сотировски e ликовен уметник – дизајнер,иноватор, истражувач, пронаоѓач, писател. Роден 15-06-1952 г. во Скопје. Педагог e по ликовно воспитание, дипломиран во класата на Димитар Кондовски. Учесник на повеќе проекти oд областа на ликовната уметност, учесник и на повеќе дизајнерски проекти во индустријата.

Со истражувачка активност од областа на палеолингвистиката се занимава од 1988 г. Ги проучува македонските споменици на културата со старост од 400 000 г. до денес, пронајдени ширум светот. Дешифрира и толкува текстови објавени во книгата Зета Македонија. Поголем дел од неговата истражувачка работа е презентирана на веб страната www.zetamacedonia.com каде читателите и сите љубители на македонската култура и цивилизација имаат можност постојано да се информираат за нови, занимливости поврзани со оваа тема, видеа на дел од материјалите од книгата, извадоци и кратки текстови со цел зачувување и негување на најстарото македонско културно наследство. 
Бранко Сотировски е голем борец за зачувување на македонското име и идентитет, љубител на изворната македонска музика и фолклористика. Успешно ја презентира древната македонска митологија откриена низ дешифрирани записи со јазична, писмена и културна традиција до денес на сите пет континенти.



"Сето верување на Македонците уште од појавата на писмото, дешифрирано и
транскрибирано на современ македонски јазик од пишаните споменици
како сведоштва, е прикажано на страниците на мојата книга 'ЗЕТА МАКЕДОНИЈА' .
Останува наша задача, сето тоа да се прикаже во јавноста, како дел
од едно непроценливо богатство на еден народ - МАКЕДОНСКИОТ, кој му го подарува
на светот најстариот култ со пишани докази, а со тоа влегува во историјата како
најстар народ, чии цивилизациски развиток има континуитет. За сонцето како
единствено божество, за големата МА со нејзините развојни фази, за пролетта ДОН
и божјиот Македон, за ЛУНА како времето бесконечно, се чуваат живи спомени и во
многубројните песни, приказни, традиционални везови и орнаменти на килими, кои
откриваат траги за некогашниот култ кој претставува историја на светот."

- извадок од книгата „Зета Македонија"


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Портрет на Бранко Сотировски, изработен во 1989 година од неговиот професор и пријател академскиот сликар и академик Димитар Кондовски (1927 -1993)

 
 


 

                                               

 


 

   
   
   

Прегледано:  14,899.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................