Text by Olga Novacheva published on the MAKEDONSKA NACIJA (MACEDONIAN NATION) website on 29 October 2014, Wednesday;
http://www.mn.mk/feljton/9675-Zbor-dva-za-hristijanstvo-1-del
Збор-два за христијанство (1. дел)
Олга Новачева
Во основното индиско верување постои еден познат израз –маја. Маја означува илузија,привид или нереалност.Преведено на македонски народен израз тоа ќе се нарече ,,перде пред очите,,. Едноставно ти се става перде пред очите и ти светот го гледаш нереално,невистинито. Тогаш сите случувања на овој свет ти се чинат магловити,нечисти,неоткриени. Гледаш,а не гледаш правилно. Гледаш,а во тоа гледање нема вистинско видување,нема природен одек. Тоа е искривено гледање или илузија. Ти се чини и си сигурен дека е така,а всушност ништо не така и ништо не можеш да разбереш правилно. Нешто слично е и во прикаската на Платон за пештерата. Да се обидеме да ја спомнеме. Една група луѓе седат приковани и завртени према дното на пештерата,не можат да се помрднат наназад туку гледаат само пред себе.
Заробени се, а не го знаат тоа. Пештерата е осветлена со слаб пламен и на ѕидовите се појавуват сенки, се формираат слики од Некој какви што сака тој Некој. Тој Некој ги креира сенките како случувања кои тој ги осмислува и преку нив ги ,,храни,, закованите луѓе со информаци. И така долго време. Што ќе помислат луѓето од пештерата за нив,за тие сенки? Ќе помислат дека се вистинити па дури дека вон оваа пештера нема друг живот. А тој Некој кој ги залажува со привидот од сенките, знае многу повеќе за тој привид како состојба на умот. Значи тој намерно управува со луѓето за да ги држи заробени во заблуди и незнаење. Или пак да се послужиме со македонскиот народен израз, им става перде на очите. И така тие привиди или тие состојби на илузија се на секој чекор во денешницата. Илузијата е одлика на ова време. Можеби така треба да биде за да се осознаеме преку неа. Зашто, како ќе знаеме што е добро,ако не знаеме што е лошо? Бидејќи привидот е состојба на умот може да се управува со него,со умот. Некој (или Некои) тоа добро го разбрале и превземале дејствија за да делуваат на состојбата на умот. Било со притисок, закани или на перфиден,подмолен и секако вештачки создаден мирен начин. Зошто ова го велиме. Затоа што кога сакаме да зборуваме за христијанството атеистите први имаат свои одговори за оваа состојба на верување. Тие имаат свој одбранбен став преку многубројните логични прашања за религијата. Веднаш ќе ве прашаат- а зошто имало толку многу крвопролевања, прогони,палежи,масовни убиства се во името на заштита на христијанството?Зошто толку жртви запалени во име на христи-јанството? Зошто толку клеветнички прокоби за измислените еретици?Толку страдања на слободоумните и вистинољубивите?Зошто тоа христијанство не е компактно, хомогено и зошто толку многу поделби внатре во него? Па зарем христијанството не е милосрдие, сочувство,љубов кон ближните? Кога станува збор за религија има две врсти реакции. Едната е помирлив став и понизност без никакви коментари,а ставот на другата е одбојност и негирање. Мрачна и светла истовремено. За секого различно доживувана. Кога некој поставува прашање во врска со религијата (и не само за неа) треба особено внимателно да се забележува како се наредени зборовите во прашањето и кои точно зборови се употребени во склоп на прашањето. Тоа значи треба да се биде стабилен и спокоен за да се прати низата на зборовите во прашањето,нивниот ритам,звучност,акцентираност. Така ќе може да се одреди која и каква личност ви се обраќа. Тоа пак покажува колку таа личност е упатена во Божјата суштина. Колку е понизна или тоа воопшто не е. Тоа ќе ве води во вашиот одговор како да се одговори,а да се задоволи вистината. Вистината како и се друго има две страни. Треба да се препорача онаа која во моментот ќе ја задоволи правдата. Можеби религијата навистина е мрачна,неразбирлива,неприемчива. Но дека не е иста со верата тоа сигурно е. Верата е нешто друго,нешто што треба да биде исчистено од елементите на двојството. Вера како верување во знаење. Таа е чиста,светла,девичеста. Верата е излезена директно од Божјата суштина што ќе значи дека исчистена или една од најчистите содржини. Тема деликатна и претставува лизгав терен за објаснување. За да нема недоразбирање треба веднаш да укажеме дека христијанството имало свои фази на развиток,на менување во зависност од низа историски случувања. Оваа тема секогаш побудувала интерес и во секое доба имало истражувачи кои се обидувале да разјаснат многу нешта. Пред се тие дефинираат рано христијанство или првопочетно,пра-христијанство, мистично, езотерично или гностичко,изворно и догматско. На запад мистиците поминале некој пат кон ослободување на христијанството и неговото несреќно робување на историските факти (или поточно на разни мешавини на тогашните записи со подоцнежните заклучоци и фантазии кои во различни епохи се прифатени како историски факти). Од списите на Екхарт,Таулер и Рајсброек,Беме, Вилијем Ло и квекери би било возможно да се естрахира продуховено и универзално христијанство,чии прикаски би се однесувале на историја каква навистина била или каква некој подоцна ја замислил дека требало да биде, туку на ,,процесите кои вечно се одвиваат во човековото срце,, На жалост влијанието на тие мистици не било доволно силно да доведе до радикално махајанистичка револуција на запад. Наспроти тоа христијанството останало религија во која чистата Вечна Филозофија е прекриена повеќе или помалку со идолопоклонска одземеност на настаните како корисни средства.(Олдус Хаксли- ,,Вечна филозофија,,) И треба да се приоѓа на оваа тема со ново објаснување. Тука е потребата за обистинување на она што го направиле Некои Сили за да владеат со состојбата на умот. Христијанството денешно го викаат догматско за разлика од она првото кое го нарекуваат мистично. Веќе правиме разлика на тој поим. Едно со друго се разликуваат во фрекфенциите,односно во намалување на свесноста. Кога се намалува свесноста намерно,со сила и со скриени методи и третмани, тогаш велиме дека со таквата религија се владее со народот. Се владее со умот. И така пак доаѓаме до состојба на привид или маја. Ова е одлика на догматско христијанство, со смислена цел да се намали свесноста за постоењето, да се запре процесот на спознавањето и со самото тоа станува спротивно на гностичките принципи. Ние не зборуваме за моралните вредности кои ги проповедува црквата. Ние зборуваме за оние скриени нешта кои ја избличуваат исконската вера. Дејвид Ајк за христијантвото ќе каже:Ако сакате да знаете од каде навистина потекнува христијанството,почекајте. Тоа е преработено паганство кое може да се докаже дека е...Христијанството брилијантно е употребено како главно средство за отстранување на клучни знаења за широката јавност. Секој пат кога христијанството или некоја друга религија ќе го превземе надзорот над некоја држава или подрачје,древните текстови се криеле или се уништувале...Во името на хритијанството е уништена вистинската историја на човештвото. И тоа довело до пишување на алтернативна,измислена историја која го одвоила човекот од неговото вистинско потекло.Измислени се многу начини и средства како тивко и речиси невидливо да се истреби исконското паметење во себе. Тоа значи да се пригуши генетската меморија. Ќе кажеме за едно од тие средства,а тоа е јазикот. Зошто го велам ова? Најпрво да ни биде јасно дека во нашето физичко тело постои центар каде се прибрани сите информации од предците. Тоа е како семе,но кое е скриено длабоко и заспано. Детето се раѓа со сета таа полна содржина и никако не може да биде,,табула раза,,односно не е ,,празна табла,, како што не учат со векови. Разбудувањето на тоа ,,семе,, зависи од нашите вибрации. Тие вибрации намерно се изменети, за да не се разбудува тој центар,да не се сеќаваме кои сме и од каде сме. Со тоа се губи моќта на паметењето и на дејствувањето,се губи се што знаеле нашите пра-предци. Македонскиот древен јазик ги имал тие вибрации кои соодејствуваат со будење на ,,семето,,или центарот. Ако се употребуваат старите зборови, македонски,наши исконски,слоговни,со темни вокали, ќе се активира тоа семе, односно ќе се активира будењето на генетската меморија. И не случајно што во денешно време се појавија македонски палеолингвисти како Ташко Белчев.Васил Иљов, Одисеј Белчовски,школата на Аристотел Тентов и Бранко Сотировски преку кои ќе се афирмираат пораките на предците. Тоа е нешто слично на мантрање или молитва. Но молитва каква што заслужува нашиот ум и тело,а не онаа која нам ни е поддадена како готов текст. А таквите молитви пред многу векови се напишани во име на христијанството. За да се владее со остојбата на умот.
продолжува...