2. ФРАНЦИЈА

01.01.2024 г

 

  „Палеолитската слика зборува“! Повеќе од еден век „научниците“ од, западно Европејските граѓани, неможат да ја разберат суштината на историскиот период на Палеолитот. Проблемот лежи во образованието. Принципите и методите во педагошкиот пристап, кон палеолитските цртежи и симболи, не одговараат за сваќањата, на новото време. Изненадува фактот за тврдоглавоста на формирани догми, теории што се прифаќаат, како апсолутна вистина, без критичко проверување и најчесто без докази, сеуште постојат.

Која е суштината на Палеолитскиот народ? Тоа е нивната култура. Кој народ е тоа? Тоа е Македонскиот народ, кој автохтоно живее на пет континенти, најмалку од пред 500.000 г .Прво поседуваат наука, вера во Реинкарнација, развиено земјоделие. музички живот, формирана азбука ЦУТНА (Кирилица јавна  и Црвеница - латиница танна). Ја развиваат архитектурата. Градат со сила, која доаѓа од сонцето, умот и музичките интрументи. Обезбедуваат храна, и вода. Ја познаваат астрономијата, и четирите годишни периоди.

 

     Les Combarelles (Dordogne), relevé d’une tête de cheval gravée considéréecomme portant un chevêtre, extrait de Louis Capitan & H. Breuil,

« Lesgravures sur les parois des grottes préhistoriques. La grotte desCombarelles », Revue de l’École d’Anthropologie de Paris, no12, 1902, p. 38, fig. 

 

Пештерата Combarelles е украсена пештера која се наоѓа на територијата на општината Eyzies-de-Tayac во Дордоња. Со повеќе од 600 ѕидни фигури, главно врежани, оваа пештера се смета за една од поважните места за културата на Македонскиот народ, од периодот Магдален, околу 13.000 години македонска ера.

 

Цртежот Глава на коњ се одликува со висока естетика, анатомија, и техника на изразување.Уметникот е Македонец, кој ја познава македонската вера изразена преку македонската лигатура и симболика, Коњот е симбол на оплодувачката моќ на сонцето. Тој е преставен во галоп  се движи од исток кон запад. Го симулира движењето на културата од Македониа кон запад и север.Коњот е симбол на сончевите оплодувачки зраци од 25 - ти декенври. Ова се кажано го потврдува македонската лигатура, која гласи: СИИ ИЛИ, Ј'С Л'СИ, ОИТ ОД - ВО МАКЕДОНИА“.

Транскрибирано на денешен македонски јазик гласи: СЈАЕ БОГОТ СОНЦЕ ИЛИ, ЈАС НАРОСУВАМ СО СВЕТЛОСНИ ЗРАЦИ, ОДАМ - ИТАМ, ОД - ВО МАКЕДОНИА“.  Се мисли на македонската територија, денес наречена Франција.

 

 

 

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

11.11.2023 г.

 

2/5. Облутоци „Божја семенка“, пештера Мас Д'Азил, Зета Македониа Нан (денешна Франција) 13.000 г. македонски период.


Овие облутоци од Зета Македониа Нан (денешна Франција), недвосмислено укажуваат на Македонски народ, кој живеел автохтоно во западна Европа, со своја вера, јазик, писмо и наука.

Облуток сл.7/А го симулира божјото семе, кое пристига од сонцето ИЛИ. Формата и натписот на облутокот, укажува на големата вредност. А тоа е, значење на зборот, кој искажува почит и божја сила, која поседува моќ за оплодување, богат род и безбеден живот.


Сл. 7
Облуоци пронајдени во пештерата  Мас Д'Азил, Зета Македониа Нан (денешна Франција) 13.000 г. македонски период. Слика 7/А пишува СЕМЕ = Божја семенка.Слика 7/Б пишува ИШТЕИ = сака, иска. Слика 7/в пишува ИЛЕ = бог.



Сл.7/Б. Македонскиот збор „ИШТЕИ“ денес се изговара, како иштав, со значење желба. Прочитан  е на облуток, кој е пронајден во пештерата Мас Де Азил регион Зета Пиринејска. Погрешно се смета, дека е турски збор. Овој збор се употребувал, на денес, наречена територија Франија, пред 13.000 г. Од неодамна наречените Турци, кои се асимилирани Македонци, воопшто не знаеле за себе и својата припадност пред 13 000 г., кои живееле некаде на границите со Кинескиот и Монголскиот народ.
Зборот иштав значи сака или иска. Препознатливо е македонското име Исак со значење: сакан, пожелуван, син. Всушност синот е ИС – вкупната жива природа, на Светот Македониа, која се користи само за потребите на синот наречен по мајка Македон а по татко Илион. Со истиот корен е, македонскиот збор „исав“ со значење мерка. Тоа е мерката по која е роден божјиот син Македон или роден е по мерката на природата, вселоената, космосот.

Облутои сл.7В, се чита од десно кон лево. Недвосмислено ни укажува на сопственоста, на  семето или наследниот ген, кај Македонците, кој пристигнува од Богот Сонце ИЛЕ, во форма на честичка, вселенска прашина во капка утринска роса заедно со сончев зрак, светлост.

 

Предземено: 11.11.2023 г. од:  https://www.megalithic.co.uk/article.php?sid=9562

Облуоци пронајдени во пештерата  Мас Д'Азил, Зета Македониа Нан (денешна Франција) 13.000 г. македонски период

 

 

Облутоци се среќаваат низ Целиот Свет Македониа (Земјата). Македонија, Бугарија, Израел...........

 

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

12.10.2018 г.

 

2/4. Пронајдениот запис ја прикажува персонификацијата на Бог Сонце односно Таткото и синот Исус.

На него може да се прочита: „ОС С'ЈИ САЈ ИСО“, кое преведено на современ македонски јазик значи: СО СВЕТЛОСТ ЈАС ИСУС.

 

 

ВОВЕД

 

Зета Македониа Нан, (денес таканаречена Фрнција).

Историски период на цивилизацијата ЗЕТА МАКЕДОНИА НАНИА, наречена „Магдаленска култура“, 15.000 – 8.000 г.мак.е.пред.п.христ.


Таканаречената „Магдаленска култура“, е македонска култура или е дел од МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА. Во науката се смета за култура, наречена „доцен палеолит“, всушност, ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД НА ЗЕТА МАКЕДОНИА, култура на таканаречената племенска заедница „ГАЛИ“-„ГОТИ“, всушност, НАРОД МАКЕДОНСКИ. Зборот „готи“ е македонски збор со значење ГОЈДО или говедо. Со археолошки истражувања е осведочена на територијата на денес таканаречените држави: Франција, Шпанија, Швајцарија, северна Италија, Белгија, Холандија, Германија. Како дел од наречените Гали е и племенската заедница таканаречена Келти, всушност, НАРОД МАКЕДОНСКИ на денешната територија на Португалија, Франција (Бретања), Ирска и Велика Британија, (Велс, Северна Ирска и Шкотска) во историскиот временски интервал од 15.000 – 8.000 г.мак.е.пред.п.христ.


Целиот концепт и основа на таканаречена Магдаленска култура е македонската цивилизација и народ во рамките на територијата Зета Македониа Наниа пред 18.000 - 11.000 г.мак.е.пред.п.христ. Според западните научници, нивниот јазик бил сличен на јазикот на безимените луѓе од арапско потекло, населено во јужниот дел на Македонскиот Полуостров, потоа е сличен на латинскиот, словенскиот и првичниот индиски јазик. Тоа значи дека денешните модерни племенски заедници и држави произлезени од Галите и Готите, нивните јазици потекнуваат од тој народ. Според европските научници, тоа е јазикот ПРАИНДОЕВРОПСКИ. Индоевропскиот јазик не е ништо друго, туку македонски јазик. Тоа е точно, затоа што врската помеѓу сите тие народи е македонскиот народ, кој се простирал преку цела Азија и Европа.


Основа на келтската и индиската митологија е словенската или македонската вера, што значи дека терминот Келти е измислен термин, кој никаде не се среќава низ спомениците на културата во период на Зета Македониа. Тој треба да се замени со терминот Македонци и периодот на Зета Македониа Наниа од 15.000 – 8.000 г.мак.е.пред.п.христ. Основата на верата е Сонцето и Космосот и патот на неуништливоста на душите, која по смртта на човекот патува преку вселената кон Македониа – рајот. Тоа е народ на божјата ДАНУ (позната како божја мајка во таканаречена ирска и келтска митологија), што значи божји ден, светлина или Сонце. А, таканаречените Британци се сметале за децата на ДОН, што значи ЦУТ или пролет.


Вкупното население на Зета Македониа Наниа, фактички е македонско население во придружба на помали племенски заедници, противници на Господарите - Владетели Македонци. Тие биле неписмени со низок степен на културен развој, како нивни слуги и робови. Господарите - Владетели Македонци оставиле извонредна уметност и писмени сведоштва на предмети од коска и камен. Во артефактите преовладуваат разновидни сечила, дупчалки, стругалки од кремен. Особено се истакнуваат врежани претстави на рогови и коски, скулптури од рогови на ирвас, исконски натписи на ребра и заби од мамут, како и други претстави на пештерски ѕидови и тавани, коски и животински кожи.

 

Таканаречената Култура Македониа Наниа, всушност, е историски период на македонските култови кон Сонцето, пролетта Дон и божјиот дух Македон – спасителот, поврзано со птицата УТКА. ИЛ, АР (од Македонците АРИЕВЦИ) или ДАР на МАДОНКА, Мајка и Македониа - рајот со Господарите - Владетели Македонци.


Пештерите во Франција и Шпанија од историскиот период на македонската култура, кои се вбројуваат меѓу поважните се: Ласко, Ла Марше, Нио, Труа Фрер, Фон-д-гом, Ле Комбарел, Шове, Коске, Кусак, Руфињак, Алта Мира. Периодот од пред 15.000 – 8.000 г.м.е.п.п.х. е кус временски период на културен развој на дел од македонската земја, наречена Зета Македониа Наниа. Тој период претставува мал придонес во мозаикот на „бели бисери“ од културни дострели на македонската цивилизација како историја на светот во непрекинат континуитет од 400.000 год. 


Следуваат анализи на спомениците на културата од овој период, проследени со илустрација и толкување, кои изобилуваат со сведоштва за постоењето на големата Зета Македониа. Луѓето воспоставувале меѓусебни врски кои не биле базирани единствено врз инстинктот за преживување и заемната корист, туку на сочувствувањето и искрената грижа за другите. Во нив се забележани исклучително високо цивилизирани одлики, како важноста на семејството и семејниот дом, верувањето во душата и задгробниот живот, реинкарнација и други теми од голема важност.

 

Извадок од книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес“ од Бранко Сотировски, страна 208 и 209.

.....................................................................................................................................

 

25-08-2018 g.

 

2/3. ИРВАС од долината Везер, во Дордоња, Франција.


Уметничкиот израз преку цртеж, скулптура и писмо на Славо–Македонците бил од секогаш на високо интелектуално ниво од пред 500.000 г во продолжеток до денес. 99% од пронајдоците во науката, како во камениот период така и денес, се направени од Славо-Македонците.  На уметнички начин ги пренесувале пораките во вид на цртежи, цртеж-лигатури, направени со слова од азбуките цутни: кирилица и латиница. Со напишаниот текст во форма на стихови го опишувале секојдневниот живот во тоа време, поврзани со природата и натприродното божественото, со Богот Сонце ИЛИ, Богородица Марија Мадона, Планета Македониа и синот божји ИС – Исус, Илион, Македон.


Славо-Македонците потпрени на сопствената наука се бавеле со земјоделие, сточарство и мануфактурно произвотство на орудија и оружје. Нивниот опстанок кој зависел од создадениот вишок на вредности го пласирале со трговската размена долж реките ДОН и морските струи низ морињата на Планетата Македониа, како вени на човекото тело, биле нарекувани, како патници кои ја користеле водата за патување, Славни Македонци Венети. Славо-Македонците со развиена писменост, јазик, вера на вистината и науката, биле Господа, Господари, Господ на Планетата Македониа или смртни богови. За ваквите Славо-Македонци современата наука треба да има повеќе почит, не смее да се занимава со мерење на нивните мозоци, затоа што денешниот човек е со позаостанат мозок, врзан за техникатата која го направила необразоан роб.


Подолу прикажаната фотографија (1) го претставува дешифрираниот текст на коска, пронајдена од палеолитскиот период во Мадлен, Франција. На површината од коската се врежани два ирваса, од кои едниот е нецелосен. За Славо-Македонците ирвасот претставува персонификација на божеството сонце ИЛИ. Цртежот на ирвас претставува и цртеж-лигатура со која се пренесува верска порака. Пораката е напишана со словарницата на цутот, денес наречена кирилица и на македонски јазик. 


Дешифрираниот текст гласи: „ИЛ’СКУ СИН“ и „И ИДИ ТИ ИС И ИЛС“. Транскрибирано на современ македонски јазик би значело: „НА ИЗГРЕЈСОНЦЕТО СИН“ и „И ИДИ, ТИ ИС-ИСУС СО СОНЧЕВИОТ ЗРАК“.

 

Ирвасот со поглед во сонцето претставува персонификација на младото сонце Или. Ирвасот е син ИС - ИСУС, од 25-ти декември, тоа е почетокот на претстојната нова година.

 

                                                       Дешифриран текст од Бранко Сотировски 25-08 2018 г.

 

Некои денешни научници сметаат дека, само пред 40.000 г. се појавил модерниот човек во Зета Македониа Европа мигрирајќи од Африка. Оваа теза сосема е погрешна и ненаучна.

Се заборава на артефактот, кој е опишан во книгата Зета Македониа.

Тоа е артефактот од Билзингслебен (Bilzingsleben), Зета Мадонија – Мадониа, Лужице (денешна Германија) пред 400.000 години, македонска ера до денес.

 

Локалитетот Билзингслебен се наоѓа во срцето на територијата Лужице. На таа територија живее автохтон славо-македонски народ со континуитет од најмалку 400.000 г. до денес. За тоа сведочат сите возвишенија и вдлабнатини, води, растителен свет, населени места и комуникации, именувани со македонски термини, како на пример топонимот БЕР-лин, син на Македон. Имено, на оваа територија З.М. Европа, се наоѓа досега најдревно-исконскиот писмен доказ за постоењето на славо-македонската култура и цивилизација.

 

Џон Феликс во својата статија „Графики на Билзингслебен“ во 2006 година, истакнува дека пронајдените коски од овој локалитет содржат знаци, кои можеби се првите сведоштва за тоа дека од камениот период луѓето комуницирале со пишан збор и имале јазични способности развиени на ниво, како и денешниот човек. Коските се со утврден изминат временски период од 400.000 години, пронајдени на 10 км оддалеченост од наоѓалиштето, кое е откриено од познатиот германски археолог Дитрих Маниа. Тој истакнува и дека човекот од тој период имал ментални способности и моќ за апстрактно размислување, истражувајќи ги прецизно изгравираните геометриски паралелни линии. Неговата студија покажува дека луѓето од таа доба, поседувале интелигенција, која заедно со нивната способност за симболичко и математичко увидување, ги прави рамни на денешните луѓе.

 

.............................

                                                       Фосилната коска од другата страна со напишаниот текст.

 

............................................

                                    Дешифриран текст:  Транскрибиран на современ македонски јазик:


                                     1. Ј‘Ѕ И ИС ИМ‘С 4+4 И        - ГЛЕДАЈ И СО НЕА ИМАШ 4+4 И
                                     2. Ѕ‘Ј ЅИ УЈИ.                        - ГЛЕДАЈ!! ГЛЕДАМ МЕСЕЦИ.
                                     3. С‘М ИМ‘ЈС‘Ј,                      - САМО ИМАЈ, СИЈАЈ.
                                     4. С‘ЈЈ‘СИ СИЈ.                      - СЕГА ЈАСНО СИЈАЈ.
                                     5. С‘Ј УЈИ УС‘Ј.                      - СЕГА ЈАС ВО МЕСЕЦОТ ВО УСНИТЕ.
                                     6. УЈ‘М                                     - СО УЕМ.

 

За разлика од западноевропските научници, според моето мислење, линиите на коската имаат своја цел и намена, тие не се направени случајно. Линиите ги претставуваат сончевите зраци, светлоста, просветленоста, знаењето, светите букви со кои е напишана еротска порака за создавање на животот на Планетата Македониа. Тие ги симулираат движењата на зраците од Сонцето кон земјата под одреден агол од секој зрак. Во еден момент, зраците се спојуваат во една еротска точка со Планетата Македониа.


Според дешифрираниот текст под бр. 5: „СЕГА ЈАС ВО МЕСЕЦОТ ВО УСНИТЕ.“ Текстот недвосмислено ни кажува за месецот март, месецот на оплодувањето во усните на Планетата Македониа. Тоа е обраќање на Богот Сонце ИЛИ – ИЛ до своите божји деца, Господарите - Владетели Македонци да принесат стимул или „УЈАМ“ за поголема рожба. (Прочитај повеќе во книгата Зета Македониа 400.000 г. Македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес ст.183)

 

Западните научници прават свесна грешка, а тoа е: Западната уметност од пред 40.000 г. е основа за појавата на уметноста во грчките градови-држави Атина и Атика од VI век пред н. е. Забораваат дека тие градови-држави не се грчки , туку славо-македонски, затоа што Грција е формирана 1832 г. Градовите-држави Атина и Атика се славо-македонски за што сведочи и самото име Атина со значење ТАТИНА. Атина е ќерка на таткото Бог АТ – Ѕеус.

 

„Според популарниот историчар на уметноста, Ернст Гомбрих, западната уметност навистина се одвивала само во грчките градски држави Атина и Атика околу шестиот век п.н.е. ‘Тоа беше тука, пред сè’‘ напишал во својата бестселерска приказна ‘Приказната за уметноста’. (The Story of Art), дека најголемата и најневеројатната револуција во целата историја на уметноста вродила со плод"(2).  Се мисли на непостоечка грчка уметност поради тоа што таа уметност потекнува од славо-македонски народ.

 

Од овие откритија не само комшиите на Република Македонија туку целата европска научна јавност се тресе од сртв, тие се во бунило, немаат коментар за откриената вистина. Не знаат што да прават со самите себе и сопствените измислени лаги. Молчат како риби, смислуваат изложби на артефакти, се фалат дека тие се почетокот на западната цивилизација која е основа на непостоечката грчка култура, со старост од само 40.000 г. Толку се заслепени од сопствените лаги, некој од незнаење а некој свесно не го гледа СЛАВО МАКЕДОНСКОТО писмо цутно денес наречено кирилица и латиница со кои се испишани верски пораки на македонски јазик.

 

https://www.youtube.com/watch?v=b0t5gZselrY

 

(1)-This fragment of decorated reindeer bone, engraved with two reindeer, is one of over 100 ancient pieces in the British Museum's new show of Ice Age art. Photo: he Trustees of the British Museum.

(2)- https://www.telegraph.co.uk/culture/art/art-features/9847126/Ice-Age-Art-at-the-British-Museum.html     By Alastair Sooke 1:42PM GMT 04 Feb 2013

 

 

...............................................................................................................................................................................

 

19-09-2017 g.

 

2/2.


[1] Тран. Пештера триаголник, Франција, Grotte du Triangle пред 18.000 - 11.000 г.мак.е.пред.п.христ. стр. 206.
[2] „Mitologija Kelta“ - Charles Squire, издадено од CID-NOVA

 

 

 

2/1.

 

 

                                                                       http://www.rupestre.net/tracce/?p=2812
                                                                https://www.youtube.com/watch?v=Gv4asg86jOU

 

 

Прегледано:  1,958.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................