„ИЛИОН, ЗЕТ-ФЕНИКС и ИС – ИСУС“ СЛОВА НА МУДРОСТА - II дел

Македонски цар со повеќе имиња
- ЗЕТ ИЛИОН-МАКЕДОН, ЗЕТ АСКЛЕПИЈ КУРТИС

31.07.2016 


Целата вселена во која се наоѓа Богот Сонце ИЛИ, кој е дел од едно божество составено од безброј Ѕвезди, и Планетата Македониа, со сите рамнини и висини, реки и мориња и сите плодови на неа, како негова придружничка создадена ѐ само за потребите на човекот Македон. Поради таа причина Македон е одек на самата природа. Македон е слика на вселената, заедно со неговиот јазик и писмо ЦУТНО (кирилица и латиница). Македонскиот јазик, писмо со именките, како топоними, хидроними и др. ПРЕЦРТАНИ се и МОТИВИРАНИ од природата. Сите научни достигнувања на Македон се преточени во едно верување, како вера на Реинкарнацуја. Верата се состои од персонификација на науката, природата и општеството со човечки фигури во вид на лигатури со скриени пораки.
Според македонската исконска наука, која се состои меѓу другото и од проучување на космичките законитости, новата година по Таткото сонце  започнува на денот XXV-ти декември. Тоа е денот на почетокот на зимата. Тоа е денот на најдолго врметраење на ноќта и најкусо времетраење на денот. Од тој ден ноќта се намалува а денот се зголемува. На тој ден старото сонце наречено Тешт умира и реинкарнира во младо сонце наречено „Малиот Див“ Р’С, раст на денот, РИС, Ристо. Според божјите и космичките закони, новороденото сонце „Малиот Див“ се нарекува и Илион, за три месеци на ден XXII-март ќе достигне зрелост, во полниот ден или рамниот ден со ноќта.
Именката Илион со значење Илиовиот син е всушност синот на Богот Сонце ИЛИ. Божјиот син Илион роден е од Мајката Планта Македониа, поради тоа тој е и син на мајката и како таков тој се именува МАКЕДОН. Рис – Илион односно ИСУС – Македон.

На денот XXII-ри март, на КИТКИ накитени или Курило, врвовите од планините и пирамидите, со првиот сончев зрак, Богот Или ќе го прогласи својот син Илион за Ѕет, Крал, Цар, Господин, Господар, владетел, Господ, бог со привремен престој на Планета Македониа. Тоа објавување се состои од божјиот поглед „Ѕ“-„ЅЕ“ сончев зрак, во вид на стап, крлук, жезло, од Македонскиот народ наречен е ЈАБЛАН.
Една од безброј планини китки и пирамиди, за прогласување на новиот Зет е планината Јабланица Република Македонија. Помеѓу планината Јабланица и планината Галичица со врвот Елен Врв, од каде излегува првиот сончев зрак „јаблан“, како божје слово, се наоѓа Охридското езеро. Сега новопрогласениот Зет всушност е единствениот кој го примил словото божјо или реч божја. Поради таа причина синот божји сега е Зет Енох. Многу подоцна Зет Енох Македонскиот народ ќе го нарече Зет Хермес.



Зет Хермес

Со применото слово божјо, што претставува вкупното божјо знаење, тој ќе владее над својот народ, и над сите приклучени племенски групи, низ целата Планета Македониа. Поради неговата титула ЗЕТ, тој ќе ја оплоди неговата невеста Македонка, а со тоа симболички ја оплодува и територијата во која владее. Затоа таа се нарекува Зета Македониа.


Синот божји по таткото е нарекуван Илион, по мајката Македон, Дон, Дион, Дионис.
Синот божји, како цар е нарекуван Зет единствениот
        на таткото „Енох“, кој е рамнопрвен, рамен на својот татко,
за оплодување при создавање на животот на земјата, и Рајот Македониа.

Единствениот син Зет „Енох“, кој е рамнопрвен, рамен на својот таткото, за оплодување при создавање на животот на земјата, и Рајот Македониа.
Хермес ќе биде божји гласник, целото божјо знаење во вид на јазик, писмото, медицината, со еден збор наука, ќе го пренесе на својот Македонски род Лаврод.
Симболите со кои се одбележува Зетот Хермес се стап со една извиткана форма која потсеќа на змија или јагула и петелот со својата песна која гласи „КИ-КУР-ИКУ“.


              

Ономатопеа на петловото пеење е „КИ-КУР-ИКА“.         Зет, Енох, Илион,Македон, Хермес.


 
Симбол на Зет Хермес е стап – литиус, со змија, енергетска антена, со кој се лови и во кој се чува божјата енергија во вид на Дух Божји Македон, што претставува „курило“. Симбол на исцелителната способност на зетот како лекар КУРТИС, лекар на душата, кој во одреден период на Македонскиот народ е нарекуван Асклепиј. 


      

Созвездие Змеоносец, Зет Асклепиј.    Зет Хермес, Македон, Асклепиј.
(Engraved from an original in the then Museum Pio Clemens
in Rome Galerie Mythologique, Recueil de Monuments by
Aubin Louis Millin, Paris 1811.)


Симболиката на змијата е во тоа што таа ја менува кожата, таа реинкарнира. Отровот на змијата се користел како лековита материја.
Зет Асклепиј со својата моќ ги лечел луѓето на одредени возвишенија нарекувани КУРИЛО. Такви возвишенија или пирамиди има низ целата Земјина топка Македонка. Едно од тие лековити места е и во република Македонија на светата планина Водно. Тие светилишта се Мало и Големо Курило. Сончевиот зрак на ден XXII-ри март во 5:15 часот со изгрејсонцето, поминува преку Големо и Мало Курило, удира во пирамида на плодноста, каде се зачнува плод, бебето ИСУС. Сончевиот зрак по права линија се спушта на манастирот Св. Илија, со значење Македонскиот Бог Сонце ИЛИ и манастирот Св. Пантелејмон, хрисијанизираното име на Зет Асклепиј.
Во подножјето на Мало Курило се наоѓа населбата Миминоец-Моминоец, како лековито место за моми, со три храма. Едниот храм е детска болница, вториот храм е лековитата вода во манастирот Св. Јован Крстител Капиштец, и третиот храм е ноќевалиштето со исцелителна моќ. Секое македонско светилиште си има свој конак.

Зетот Енох е таткото на науката, основач на астрологијата и откривач на алхемијата.
Сето она што синот божји Зет Илион - Македон го примил од Бог и открил, го пренел на својот Македонски род Лаврод. Пренесувајќи го вкупното божјо знаење на своите сограѓани, тој ќе го добие прекарот Зет ИС ДОН, ДИОН, ДИОНИС.



 

Зет Македон, Дон Дион, Дионис.

Зетот ДОН, ДИОН, ДИОНИС всушност е ИС - Исус на мајката од ниските земји покрај реките, или тој е дете на пролетта. Тоа дете е Зет МАКЕ-ДОН.
Зетот Дон или Зетот Македон е првиот глобализатор на светот пред 500.000 г. македонска ера.



(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

Прегледано:  1,209.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................