ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО КАКО ПРОЛЕТТА

10.10.2016

Вистината е една. Од оваа вистина сѐ започнува. Оваа вистина е вера во единствениот Бог Сонце ИЛИ, Мајката Мадон - Господарка и синот по татко Илион по мајка Македон - Господар Господ на Планетата Македониа.


Вистината е една, а таа е светото или светлото тројство содржано од Бог, Мадон и Македон. 


„Нашето ПОСТОЕЊЕ во овој свет не е производ на некаква слепа случајна еволуциона сила, туку на љубовен животодавен ПОЧЕТОК.“ (Отец Ивица Тодоров)


Тој почеток Македонците од искона го чествуваат на ден XXII-ри декември, денот на ЛОМ, денот на светлината, прекршување на денот (времетраењето на ноќта се намалува, денот се зголемува), и XXII-ри март, (рамниот ден со ноќта), денот на пролетта. Тој почеток го нарекуваат „Божја Мајка“ или Мајка на Богот. Мајката божја никогаш не е родена и никогаш нема да умре. Составена е од светло и темно, (светлината е темна, темнината е светла). Мајката го раѓа Божјиот поглед, кој се вселува во усните на мајката Елена, која ја раѓа вселена и тоа со сите сонца во неа, како едно божество, а околу секое сонце раѓа по една Планета Мадон - Господарка.


Сонцето наречено ИЛИ е нашиот татко, кој во себе го содржи СЛОВОТО. Словото е дух божји Македон, кој се наоѓа во вкупната нежива и жива материја во универзумот. Нашиот Бог Сонце ништо не создава. Tој како татко ја оплодува Планетата Мадон - Господарка, која ја раѓа вкупната жива природа наречена ИС-ИСУС со синот божји Македон во неа.


Синот божји новороденото бебе ИС, на ден XXII-ри март е младо момче наречено ЗЕТ. Зет Македон е единствен кој го прима словото Татково - божјо, од врвовите на планините под права најкуса линија, за слава на својот Татко ИЛИ, мајката Мадон и синовите божји Македонците. Тоа предземање на словото од својот татко наречено е ПРАВОСЛАВИЕ. Оттука е почетокот на нашето постоење, денот кога Зетот го прима словото или УМОТ божји.


Тоа е суштината на постоење на народот Македонски, а тоа е сооднос помеѓу таткото, мајката и синот. Тој сооднос е ЖИВОТ, ЉУБОВ и ЖРТВА. Бог е болка за живот, љубов и жртва.
Внатрешната содржина на нашето постоење се овѝие три светости, што претставуваат слово божјо. Ние треба да ги сочуваме од сопствените одродени браќа, групирани во посебни племенски заедници, кои се најголеми противници на својот Татко Сонце ИЛИ, Мајката Мадон – Господарка и народот Македонски.


Одродените Македонци посакуваат да го предземат словото божјо од Зетот но неуспешно. Вкупното божјо знаење, како слово божјо, Зетот го пренел на својот род Македонци, по словото наречени СЛОВЕНИ. Потоа целото божјо знаење го сокрил во вид на геометриска слика, цртеж на карпа и цртеж во вселената.


Бог Сонце е видлив, неговото слово е тајно. Единствен народ кој го знае словото божјо и секојдневно го прима се Македонците наречени ВЕЛЕНИ со значење фалени и СЛОВЕНИ.


                              

                   Шемата е преземена од книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски на страна 23

 

Во народот македонски ќе се појават самопрогласени „Зетовци“ владетели, за остварување на ситни интереси. Ќе се појават и нивни поддржуачи, кои ќе внесат меѓу Македонците, верување во погрешен зет, кој ќе шири само страв од нешто што го нема. Тие се одрекуваат од Бог Сонце ИЛИ, се одрекуваат од сопствениот род ЛАВРОД, се прогласуваат за лажен-самосоздаден „народ“. Нивна единствена цел е уништување се што е македонско и уништување на сопствениот корен. Македонците со одбрани поединци ќе се борат за докажување на единствената вистина. Вистина за постанокот на светот, јазикот, писмото, науката и верата македонска, како корен или основа на сите јазици, писма, и религии во светот.


Поради комплексноста на темата, за подетални информации во врска со податоците, термините и поимите во овој текст, може да прочитате во книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски.


(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

Прегледано:  1,079.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................