28 БЛОМБОС Јужна Африка

БЛОМБОС 14-09-2018 Г.

 

Јужна Африка пред 125.000 – 70.000 г.мак.ера.пред.п.христ. 


Зета Македониа „Божји Лом” (Божји лом со значење божји сончев зрак), се однесува на денешна територија на Јужна Африка. Врвот на јужниот дел на Африка, како македонска територија, географски се наоѓа на патот на првиот нулта меридијан како замислената линија, наречена “ИЛ – сончев зрак”. Зошто замислената линија ИЛ би поминала преку врвот на јужниот дел на Африка? Тоа прашање е едноставно, затоа што линијата ИЛ е на патот од центарот на светот. А, каде е центарот на светот? И ова прашање е едноставно. Центарот на светот е таму каде што е врховниот Бог Сонце ИЛИ, каде што е божјата МА со духот божји во неа, каде што започнува пролетта Дон, и каде се боговите на земјата - Господарите - Владетели Македонци, а тоа е Зета Македониа Европа со нејзиниот центар Македонски Полуостров и Македониа, во кој се наоѓа Рајот со пролетта ДОН. 


Еден од најважните годишни периоди за Господарите - Владетели Македонци е пролетта. Божјата мајка МА со својот „УЈ“ (бит – живот) прави наклон со својата оска на патот околу сонцето за една година кој се менува, а на тој начин се создаваат четирите годишни периоди. Овој наклон на оската претставува моќ на божјата мајка која го раѓа ДОН, ЦУТот, ПРОЛЕТта. Македонскиот Полуостров и Македониа е цутна и пролетна, со безброј шумовити ритчиња, изпреплетена со зелени ливади полни со цвеќиња, од кои се шират хипнотички цветни мириси кои делуваат смирувачки, при што се појавува пријатно зашеметувачко и возбудливо чувство на пролетната љубов. Токму тој волшебниот мирис ја отелотворува мистериозноста на мајката божја. Сонцето со силни емоции опиено од цутот ДОН, како со афионовиот  катран во љубовен занес со првиот сончев зрак ИЛ на ден XXI – ви март, како машки принцип се спушта кон Планетата Македона преку двојното око, при што се случува големата експлозија на МАКОВО СЕМЕ. Од тој миг мајката божја е оплодена, и е наречена Мадонка. Овој ден во Македониа денес, а и кај сите Македонци низ светот со илјадници години е нарекуван: СЕИДБА, ПОСЕЈУВАЊЕ, ПОСЕЈ, ПОСЕЈ на ДОН или ПОСЕЈДОН (божја карактеристика на оплодувачката моќ на бикот и машкиот принцип на сончевиот зрак ИЛ, персонифициран со коњ), ЛОМ, ЛОМ на ДОН, Л‘Н, Л’Н на Д’Н, БЛОМ, БЛОМ на БОС, КРШ, КРША, ПРЕКРШУВАЊЕ. Тоа е божјиот лом или наречено од Господарите - Владетели Македонци – БЛОМБОС.

Бломбос е пештера, која се наоѓа на југоисточниот дел од јужна Африка, сто метри оддалечена од Индискиот океан и 35 м. надморска височина. Значајно за пештерата е тоа што таму е најдена амајлија, каде пишува два пати Македониа, Зет Ис Иљо и Зета Македониа.
Зборот Бломбос е кованица од: „Б“, „ЛОМ“, „Б“, „ОС“, што значи: ЛОМ или ЕКСПЛОЗИЈА НА БОЖЈАТА СЕМЕНКА и СО БОЖЈАТА „ОС“ сончев зрак, како машки принцип. Македонскиот збор БОС, коинциденција или не, во Зета Македониа Островска (Англија) значи шеф или газда, а несомнено најголемиот шеф е Богот ИЛИ. Зборот ЛОМ го сочинува името на главниот град на Зета Македониа Островска, Лондон, а тоа е ЛОМ на ДОН, ЛОМДОН или Л‘НД‘Н, што значи рамноденица, почеток на долгиот ден, пролетниот ден или ДЕНОТ НА ОПЛОДУВАЊЕТО НА ЦУТОТ. Зборот „Бломбос“ значи и следново: „Б“ е скратенка од БОГ, „ЛОМ“ е сончев зрак и „ОС“ е оска на вселенското движење, тоа значи БОЖЈИОТ ЛОМ или сончев зрак е оска околу која се движи материјалната и духовната енергија.


За Господарите - Владетели Македонци, кои живееле на територијата Зета Македониа Божјиот Лом, општо мислење на научниот свет е дека – „Тоа биле хоминиди во која група спаѓаат орангутан, горило и човек. Нивно мислење е дека пронајдените јагленосани човечки коски припаѓале на луѓе канибали, слично како што ги претставуваат жителите на Крапина – Хрватска) [1]. Тоа е така затоа што науката и истражувачите пристапуваат многу нефлексибилно, ограничени со конзервативни сфаќања кон најновите откритија“ [2].     


Многубројното приобално население на Божјиот Лом, во тоа време било организирано во градови и населби, живееле како модерни луѓе со развиена наука, уметност, вера, војска и државна управа. Со одредени писмени сведоштва доаѓаме до заклучок за нивото на развиток на нивната наука во однос на вселенските појави, инструментите за движење на море и копно, ноќе и дење. Југот на Божјиот Лом бил поморски центар за прифаќање на стока за трговија со Европа, Азија, Америка и Австралија и трговија на материјални добра од регионот на копно со илјадници години со сопствени бродови и бродови од другите Зети. Една од најизвезуваната стока била црвената боја, нарекувана „ЗИЛ“, изработувана од природно црвениот железен оксид. Изработката на „бојата на изгрејсонцето“ како света боја, ритуално е правена во пештерите како свето место, на денот на пролетта - црвениот ЦУТ и денот на бојата ЗИЛ, а тоа е денот XXI-март. Како посебна стопанска гранка била и произведувањето на оружје, кое служело за сопствени потреби за одбрана на своите ресурси. Како најмодерно од тоа време, оружјето го извезувале. Изработувани се и камени орудија од посебен вид на камен наречен silcrete, со посебна термичка технологија, која како традиција била пренесувана и на помладите. Камени сечива, камени врвови на стрели и копја, лепени за дрвените рачки со посебен лепак.


Локалитетот на „Божјиот Лом“, како и останатите локалитети (дешифрираниот текст од Билзингслебен (Bilzingsleben) во Зета Мадонија (денешна Германија) [3]; „Од отецот твој“, Јужна Азија пред 130.000 – 40.000 г.мак.е.п.п.х. [4] Лепенски Вир на Дунав [5]; „Седумте фосилни заби“, Македонски полуостров, денешна Хрватска, пред 32.000 г.м.е.п.п.х. [6]; „Наша Македониа“, Зета Македониа Прекуокеански Северен Цут, Maine SAD пред 4.000 – 3.000 г.мак.е.п.п.хр. [7] и други), иако од различни временски периоди, сепак припаѓаат на еден народ и една култура со развиена наука, уметност и вера. Тие биле и центри на управа со владетел, војска, најмодерно оружје од тоа време, царина, бродови за транспорт на луѓе и стока и име на сопствена зета, во рамките на Големата Зета Македониа на пет континенти. 


Пештерата Бломбос и останатите пештери не биле место за живеење. Тие биле светилишта за одржување на одредени религиозни ритуали. Еден од најпознатите ритуали е принесување жртва на Богот ИЛИ. Жртвувањето се одржувало надвор од пештерата. Се палел оган, кој го симболизира Сонцето. Огнот бил користен и за спалување на умрените за да се пренесе телото, како и душата на пламените јазици како сончеви зраци кон Богот ИЛИ, за да тој повторно се врати назад како дух божји Македон.


Поради овие ритуални обреди се пронајдени спалените коски, како сведоштва за тој значаен чин. Народот од Зета Македониа Божјиот Лом и познатите владетели, меѓу кои и Зет ИС ЉО, имале посебни потреби за уметничко - симболичен израз и во облик на лигатури соопштувале пораки, ги искажувале своите религиозни, социјални и културни потреби во кои ги користеле буквите. Воедно буквите претставувале сончеви зраци. Оваа традиција во континуитет се среќава во сите други ЗЕТИ од Големата Зета Македониа

  

 

[1]  „Зимски празнувања“ Крапина, Хрватска пред 130.000 г.мак.ера.пред.п.христ., З:М. стр. 142.  
[2] http://prehistorialdia.blogspot.com/2013/03/el-origen-de-homo-sapiens-y-su.html, пристапено на 26.05.2015.
[3] „Дух божји Македон - сказалка на времето“ Билзингслебен (Bilzingsleben), Зета Мадонија (денешна Германија) 400.000 г. Стр. 183.
[4] „Од отецот твој‘‘ Зета Македониа Востаниа, Јужна Азија пред 130.000 – 40.000 г.мак.ера.пред.п.христ. Стр. 258.  
[5] „Ембрион со матката“,Македонски полуостров Лепенски Вир, (денешна  Србија) пред 5.300 – 4.800 г.м.е.п.п.х. Стр.179.
[6] „Седумте фосилни заби“ Пештера Виндија, Зета Македониа на владетелот ИК‘Т ЗЕТ, Македонски полуостров, денешна Хрватска, пред 32.000 г.мак.ера.пред.п.христ. Стр.146.       
[7] ‘‘Наша Македониа‘‘ Зета Македониа Прекуокеански Северен Цут, Maine SAD пред 4.000 – 3.000 г.мак.ера.п.п.х. Стр.349. 

 

 

....................................................................................................................

 

Прегледано:  894.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................